Ординации
Персонал
Оценување
Облека за зимско време • Проверете го времето и временската прогноза и одберете соодветна облека. • Размислете за вашата надворешна активност; помала активност бара повеќе облека при ладно време. • Заштитете се од ветерот и врнежите и спречете навлажнување на облеката од вода или снег. • Сменете влажна облека со сува. • Спречете ги последиците од потење и ладење со навремено приспособување на облеката пред да направите промена во физичката активност и/или изложеноста на ладно. • Обрнете особено внимание на заштита на стапала, дланки и глава. • Носете дополнителни ќебиња кои се отпорни на ветер, на пример во вашата кола. • Бидете загреани и во внатрешни услови. Користете долна облека со долги ракави, облечете џемпер, волнени чорапи и папучи. • Имајте пристап до ќебиња. Како да се подготвите за зима
• Бидете подготвени да технички се справите со прекини во греењето. • Купете повеќе ќебиња. • Ставете изолација на подовите и столиците. • За ладно време (температури под нулата) купете повеќеслојна облека соодветна за зимски надворешни активности. • Улиците и тротоарите покриени со снег или мраз се лизгави. Носете зимски обувки кои не се лизгаат. • Осигурете се дека вие и вашето семејство сте навремено вакцинирани, особено доколку сте вие или тие во било која од ризичните групи. • Размислете кој од вашата фамилија би можел да биде изложен на ризик од ладното време, соседството и пријателите, и како можете да им помогнете да се заштитат себеси од штетните последици на ладното време Препознајте ги овие лични знаци на предупредување
• Ладни прсти на дланките и стапалата: Вашите екстремитети се ладат. • Тресење: Вашето тело е значително оладено. • Болка во прстите на дланките и стапалата: Избегнете понатамошно ладење, направете вежби за загревање или побарајте засолниште. • Отрпнатост во прстите на дланките и стапалата: Ризикот за повреди од ладно време се зголемил. Избегнете понатамошно ладење, направете вежби за загревање или побарајте засолниште. • Блед дел на лицето или други делови од кожата: Ова е знак на повреда од ладно време. Веднаш загрејте го избледеното место со на пример топли дланки и заштитете ја голата кожа од понатамошно ладење. • Симптоми на заболувања од ладното: Доколку имате симптоми на аритмија, тешкотии со дишењето, болки во градите, кашлање или тешко дишење на ладно, стремете се да се загреете или побарајте засолниште. Доколку симптомите продолжат и понатаму, можеби ќе имате потреба од одредени лекарства или понатамошно лекување. • Избегнувајте ненадејни вежби на ладно доколку имате кардиоваскуларни или белодробни заболувања Доколку користите оган или греалка
• Немојте да чувате запаливи предмети во близина на греалката. • Осигурете се дека имате доволно вентилација. • Доколку користите оган или греалка во вашата спална соба, оставете ја вратата или прозорецот малку отворен за да се вентилира собата во текот не вечерта. • Редовно проверувајте ја греалката поради безбедност Намален крвен притисок
Дали често чуствувате замор, вртоглавица, малаксаност, тахикардија, темнеење пред очи ,потење, анкиозност, депресија или главоболка? Најверојатно имате проблем со низок крвен притисок - хипотензија. Низок крвен притисок се дефинира кога вредностите на крвниот притисок се пониски од 100/60 mmHg измерени повеке пати во амбуланти услови. Трајно намален крвен притисок или примарна хипотензија нема конкретно утврден причините, а секундарна хипертензија се јавува како последица на други болести (инфекции, крварења, срцев удар, аритмија, дехидратација, продолено одмарање во кревет, труење). Ортостаска(постуларна) хипертензија е нагло паѓање на притисокот при застанување во стоечка положба. Може да биде показател за нарушена функција на одредени делови на нервниот систем. Низок крвен притисок не е проблем за здравјето телото често се прилагодува и не предизвикува симптоми.Проблем настанува при нагло пагање на притисокот кога мозокот и другите витални ограни остануваа без кислород , слаба циркулација и нема време за прилагодување.Во тој случај може да дојде до вртоглавица, малаксаност, пореметен вид па и кратка несвестица-синкопа ( краткотраен пад на крвниот притисок кој доведува до исхемија на мозокот и предизвикува мускулна слабост). Треба да се внимава во топлите денови, односно да не се движите кога времето е топло тоа дополнително ќе ви го намали крвниот притисок и може да предизвика колапс. Прво треба да се утврди дали се работи за примарна или секундарна хипертензија, односно треба да се исклучат болести, состојби или лекови кои доведуваат до секундарна хипертензија.Препорачливо е да се прати крвниот притисок во секојдневните активности , односно 24-часовно мерење. Не е потребен третман за хипотензија која не предизвка симптоми ниту влијае врз квалитетите на живот, ако се почуствуваат симптоми третмано се должи на олеснување на тегобите. Лекувањето за секундарна хипертензија зависи од причинителот. Превенција - Мерки во врска со исхрана ВНЕСУВАЈТЕ ПОГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО НА ТЕЧНОСТИ И СОЛИ - Бидете физички активни, умерено и доволно. - Станувањето од кревет да биде постепено, особено ако ноќе имате потреба во тоалет , секогаш останете во седечка положба барем две минути па потоа постепено станете, истото важи и за утринското станување. - Доколку ги почуствувате симптомите на низок крвен притисок пожелно да легнете со малку подигнати нозе и да испиете најмалку половина литар вода.
АСТМА
I. ШТО ПРЕТСТАВУВА АСТМАТА?
-Астмата е релативно често инфламаторно заболување на дишните патишта,која се манифестира со хронично воспалување и зголемена чувствителност на бронхиалното дрво предизвикано од различни алергени и провоцирачки фактори. При контакт со алергенот или провоцирачкиот фактор настанува реакција во дишните патишта која се карактеризира со хиперреактивност и реверзибилно стеснување на бронхиалното дрво и дишењето е отежнато.
II. КЛАСИФИКАЦИЈА
-Постојат повеке класификации за астмата,меѓу кои најчести се следниве: 1.Интринзик-во подоцнежни години без да постои алергиска реакција 2.Екстринзик-во детска возраст со алергиски предиспонирачки фактори. Во зависност од присуството или отсуството на алергиски фактори мозе да се класифицира и како: 1.Алергиска астма-алергиска реакција на возпаление предизвикана од различни алергени (домашен прав,полен,спори,животински влакна,хемиски соединенијаи др) 2.Неалергиска астма-предизвикана од неспецифични провоцирачки фактори (инфекции,хемиски иританси,физичка активност,психички фактори,хормонален дисбаланс и др) 3.Комбинирана-фактори и од алергиската и неалергиската астма. Според тезината на симптомите астмата може да се класифицира како: 1.Блага астма-симптоми помалку од 1-2 пати неделно,ноќни помалку од 1-2 пати месечно,егзацербации и ограничување на активноста нема. 2.Умерена-симптоми повеќе од 2 пати неделно,ноќни повеќе од 2 пати месечно,ретки егзацербации,благо ограничување на активноста. 3.Тешка-Континуирани симптоми,чести ноќни симптоми,чести егзацербации,умерено до тешко ограничување на активноста.
III.ОСНОВНИ СИМПТОМИ
-Симптоматиката на астмата може да варира од исклучително лесна до многу тешка,затоа секој болен од астма треба да биде информиран за својата состојба и да ги има секогаш со себе потребните медикаменти.Основна појава на астмата е астматичниот напад кој се карактеризира со: 1.Губење на здивот 2."Свирење" при дишење кое се слуша и од растојание 3.Мачителна сува кашлица 4.Стегање и тежина во градите. IV.ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ НА АСТМА
-Медицински преглед и историја за астматични пристапи -Функцијално иследување на дишењето-спирометрија,во одделот за интерна медицина во ЈЗУ Здравствен дом Ресен -Тестови за чувствителност (алерго тестови)-Rida allergy screan со можност за испитување на 80 алергени во одделот за дерматоерологија во ЈЗУ Здравствен дом Ресен (тестовите се работат ин-витро,т.е од серум и се со 100 % точност.) -Крвна слика
V.ЛЕКУВАЊЕ НА АСТМА
-Астмата е заболување кое неможе да се излекува целосно,меѓутоа редовната употреба на лекарствата можат да ги сведат до минимум астматичните напади.Има два основни видови на лечење: 1.Лечење за време на астматичен напад 2.Лечење на астма без астматичен напад -Лекарствата кои се користат се: бета 2 агонисти, стероиди, симпатомиметици, теофиини, хромогликати, антихистаминици.
VI. ПРЕПОРАКИ ДО ПАЦИЕНТИТЕ
-Избегнување на познатите потикнувачки фактори -Избегнување на чад од цигари -Избегнување на бета блокатори,аспирин и НСАИЛ -Здрава исхрана -Редовна физичка активност
******************************************************************
Да погледнеме на дебелината не само како естетски туку и како здравствен проблем
Дебелината(гојазност,обезност) е медицинска состојба каде резервите на масти,кои телото ги троши како извор на енергија, се зголемени до тој степен да имаат негативен ефект врз здравјето што само по себе може да дојде до скратување на животниот век или низа на други здравствени проблеми.
Потсетуваме дека населението во целиот летен период потребно е да ги почитува следните општи мерки за заштита на здравјето како што се:
1. Во текот на екстремно топли денови, да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.
2. Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор.
3. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.
4. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.
5. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.
6. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.
Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, препораките се :
1. Задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба.
2. Термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени.
3. Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.
Исто така, информираме дека здравствените установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број на лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури.
Исто така, по потреба и на дневна основа, Комисијата за топлотни бранови при МЗ ќе предлага мерки и активности за минимизирање на овие ризици, посебно за најранливата категорија на граѓани во деновите кои доаѓаат. ********************************************************************
Препораки за заштита од сезонски грип
ФАКТИ- Сезонскиот грип е акутна вирусна инфекција предизвикана од Influenza вирусот. Меѓу нашата популација циркулира Influenza A(H3 N2) типот и веќе познатиот Influenza A (H1 N1 ) – свински грип.
ПРЕНОСЛесно се пренесува од човек на човек преку:-Кашлање Знаци и симптоми- Покачена телесна температура ТретманСупоративна (помошна) терапија НИКАКО НА СВОЈА РАКА НЕ КОРИСТЕТЕ АНТИБИОТИК, ВИРУС НЕ СЕ ЛЕЧИ СО АНТИБИОТИККако да се заштитите! Вакцинирајте се на време Доколку почуствувате симптоми на грип кои брзо се влошуваат веднаш јавете се ПО ТЕЛЕФОН кај Вашиот МАТИЧЕН ЛЕКАР или Завод за здравствена заштита или ВО СЛУЖБАТА ЗА ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ. Лекарите ќе одлучат за Вашето понатамошно лекување
Во согласност со препораките на Светска Здравствена Организација (World health organization www.who.int) |