ЈЗУ Здравствен Дом Ресен
Новости

Почитувани,

Согласно заклучокот на Владата на Република Македонија од 16 септември 2015 година започна реализацијата

на 7-миот бран на патронажни посети-посети на стари лица во нивните домови во нашата Општина.

Во акцијата ќе бидат опфатени околу 2760 лица и бесплатните прегледи ќе се изведуваат перманентно во

текот на оваа и наредната година.Активноста ќе биде спроведена од нашата Служба за поливалентна патронажа

и ќе се состои од мерење на крвен притисок,шеќер во крвта,холестерол,совети за исхрана и т.н.

Домашните посети ќе се обавуваат секој работен ден со предност на постарите лица.

Ги молиме корисниците на нашите услуги за соработка со нашата Служба на обострано задоволство.

Ви Благодариме

*****************************************************************************************************************

Почитувани,

-Од 14.09.2015 година во Одделот за превентивна медицина при ЈЗУ Здравствен дом Ресен отпочна

вакцинација со петтовалентната вакцина -Pentaxim која е одобрана од СЗО.

Истата заштитува од следниве болести:Difterija,Tetanus,Pertusis,Detska paraliza (Polyomielitis) и

Haemophylus influencae.

Несаканите реакции од овај тип на вакцина се сведени на минимум.

Ги молиме родителите да се јават со своите деца на закажаните термини од страна на нашата

Служба.

Ви Благодариме,

конт.тел. 047 452 960 и 075 246 408

 

 

******************************************************************************************************************

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

Се известуваат корисниците на услугите на ЈЗУ Здравствен дом Ресен дека со едностраното

раскинување на меѓусебниот договор од страна на ПЗУ Д-р Магдалена Петковска

Јовановска-Ресен (Април 2014 год.), на Договорот за вршење на породувања- Договор

бр.03-367/1 од 06.07.2007 година ,склучен со ЈЗУ Здравствен дом Ресен ,со кој Договор

ПЗУ Д-р Магдалена Петковска Јовановска-Ресен имаше обврска да врши породувања во

породилиштето на ЈЗУ Здравствен дом Ресен, во текот на 2014 година и во текот на 2015

година во породилиштето на ЈЗУ Здравствен дом Ресен, не е извршено ниту едно породување..

Како резултат на горе изнесеното по препорака на Министерството за здравство на РМ

од новиот Статут на ЈЗУ Здравствен дом Ресен, донесен на седницата на Управниот

одбор на ЈЗУ Здравствен дом Ресен одржана на ден 05.06.2015 година, за кој е добиена

и Согласност од Министерството за здравство на РМ со Решение бр.11-6566/2 од 19.06.2015

година во ЈЗУ Здравствен дом Ресен е укината услугата- породување со стручна помош

и поради тоа во ЈЗУ Здравствен дом Ресен нема да се врши породување.

Ова известување ќе се применува со денот на влегувањето во сила на новиот Статут

на ЈЗУ Здравствен дом Ресен, од 01.07 .2015 година и ќе се објави на огласна табла на

ЈЗУ Здравствен дом Ресен.

ЈЗУ Здравствен дом Ресен

В-д Директор

Д-р Трајче Ничевски

**********************************************************************************

Со проектот "Мој Специјалист" на Министерството за здравство на РМ од 09 мај оваа година започнаа со работа

во нашиот кабинет за Ехокардиографија доктори-специјалисти-кардиолози од Клиничката Болница во Битола

.Кабинетот ќе работи секоја сабота а закажувања се можни преку системот "Мој термин" од матичниот лекар

.Со оваа активност веќе нема потреба од упати во соседните здравствени установи во другите Општини

со што се избегнуваат дополнителните трошоци на пациентите како и се намалува времето на чекање

за потребната дијагностика.

**********************************************************************************

Почитувани,

Во врска со Проектот на Владата на Р.Македонија за развој на центри за лекување на депресивни состојби

Ве информираме дека од 10.12.2014 во рамки на нашата Установа ќе отпочне со работа  Центарот

за депресија.

Работното време на центарот ќе биде секоја среда од 15-20 часот во Одделот за невропсихијатрија под

раководство на др.сци.Ромео Икономовски.

Пациентите ќе доаѓаат по сопствена иницијатива на преглед и нема да биде потребно да бидат

закажани преку системот "Мој термин".

За да бидат примени на преглед,пациентите е потребно да имаат здравствена легитимација.Доколку

докторот утврди дека се работи за пациент со хронични тегоби и поради тоа се лечи подолг период,

потребно е пациентот да се врати кај матичниот(избраниот) лекар со цел да го продолжи

започнатото лекување.

**********************************************************************************

Од 17.11.2014 год.започна петтиот бран на домашни посети на стари и изнемоштени лица на територијата

на нашата Општина.

Со оваа акција ќе бидат опфатени повеќе од 600 лица кај кои ќе биде бесплатно извршен превентивен

преглед во нивните домови од страна на нашите здравствени екипи.Акцијата е предвидено да се

реализира во наредните три месеци.

Пациентите се закажуваат по предходно направен план за работа однапред со телефонски повик

од нашата Служба.

Ги молиме пациентите за што помасовен прием на нашите екипи кои се грижат за нивното здравје.

Однапред им сме благодарни!

 

*********************************************************************************

ЈЗУ Здравствен Дом Ресен зема активно учество во проектот "Патронажни посети" во нашата Општина

под покровителство на Министерството за здравство на Р.Македонија.

Активноста ја спроведува нашата Служба за поливалентна патронажа при што во своите домови бесплатно

се прегледани 191 пациент.Пациентите се селектирани по возраст и хронични заболувања.Проектот започна

со реализација на 18.11.2013 год.и сеуште е во тек.

Пациентите се закажуваат по предходно направен план за работа однапред со телефонски повик

од нашата Служба.

Ги молиме пациентите за што помасовен прием на нашите екипи кои се грижат за нивното здравје.

Однапред им сме благодарни!

**********************************************************************************

ЈЗУ Здравствен дом Ресен од 01 Јануари оваа година успешно го имплементира проектот на Владата

на Р.Македонија и нашето ресорно Министерство "Рурален доктор" на подрачјето на нашата Општина.

На наше и на задоволство на нашите пациенти повторно ги ставивме во употреба амбулантите во

с.Ц.Двор,с.Д.Б.Црква и с.Грнчари а во исто време се вршат патронажни прегледи и во скоро сите

населени места во нашата Општина.

Распоредот на работа на нашата екипа е следен:

Понеделник: -С.Ц.Двор 08-11 часот

-Езерани,Дрмени,Лавци,Д.Перово,Прељубје,Покрвеник,Волкодери од 11-16  часот.

Вторник: -с.Д.Б.Црква од 08-11 часот

-с.Козјак,Г.Б.Црква,Болно,Евла и Г.Дупени од 11-16 часот

Среда: -с.Грнчари

-с.Асамати,Курбиново,Рајца,Сопотско,Златари од 11-16 часот

Четврток:- С.Ц.Двор 08-11 часот.

-Езерани,Дрмени,Лавци,Д.Перово,Прељубје,Покрвеник,Волкодери од 11-16 часот.

Петок:- с.Грнчари од 08-11 часот

-с.Избиште,КрушјечЛ.Река,Кривени од 11-16 часот

 

По потреба корисниците на нашите услуги можат да се јават на моб.телефон

075 215 698

 

*********************************************************************************

По повод светскиот ден на здравството-7 Април на градскиот плоштад беше организирана акцијата "Здравје за сите" при што бесплатно беа прегледани 95 наши сограѓани.Ја користиме приликата да им заблагодариме на нашите сограѓани за големиот одзив за успешно спроведување на оваа наша активност.

*********************************************************************************

Во рамки на Светската недела на Глаукомот која се организира од 09-15 март оваа година,во нашиот Оддел за Очни болести ќе биде организирано бесплатно мерење на очниот притисок кај сите заинтересирани граѓани од нашата Општина.

Ги молиме граѓаните за што поголем одзив на оваа превентивна акција.

**********************************************************************************

 

Овие дена привршуваме со градежните работи околу доградбата на оџакот на нашата котлара ако и на препокривање на терасите на нашиот објект со што ќе го завршиме проектот за целосно реновирање на нашата Установа.

**********************************************************************************

На ден 10.12.2013 год.од сопствени средства го збогативме нашиот возен парк со ново амбулантно возило Dacia Lodgy 1.6 dci Ambiance кое е веднаш ставено во употреба во Службата за итна медицинска помош за потребите на корисниците на нашите услуги.

**********************************************************************************

 

На ден 05.12.2013 год.во с.Штрбово од страна на наша екипа се одрржа акцијата "Здравје за сите" под покровителство на Министерството за Здравство на Р.Македонија,при што беа извршени 30 превентивни прегледи на локалното население.Им благодариме на граѓаните за одличниот одзив во реализацијата на нашата акција.

**********************************************************************************

На 27.09.2013 на градскиот плоштад во Ресен беше одржана акција "Здравје за сите" под покровителство на Министерството за Здравство на Р.Македонија,при што беа извршени 80 бесплатни превентивни прегледи на граѓаните од нашата Општина.

**********************************************************************************

27.05.2013 год.успешно е завршен проектот за санација на фасадата на нашата Установа.Проектот беше комплетно финансиран од Владата на Република Македонија преку ресорното Министерство за здравство.

**********************************************************************************

На одржаната акција "Здравје за сите" на градскиот плоштад од страна на нашите екипи беа извршени 125 бесплатни превентивни прегледи.Им благодариме на нашите сограѓани за одличниот одзив на нашиот повик.

**********************************************************************************

На 04.04.2013 год.по повод Денот на здравството 7 ми април,ќе се одржи акција "Здравје за сите" на градскиот плоштад во Ресен.Акцијата ќе започне во 8,30 часот и ќе трае до 17 часот.

При тоа ќе се вршат бесплатни медицински прегледи од лекарска екипа од нашата Установа,проверка на гликемија,ниво на холестерол во крвта и мерење на крвниот притисок.

Ги молиме нашите граѓани за што помасовно учество во акцијата за превентивни прегледи.

**********************************************************************************

На 29.03.2013 год. во 13 часот во Одделот за Физикална медицина и рехабилитација ќе врши консултативни прегледи на деца со деформитети на локомоторниот апарат (лошо држење,деформитети на `рбетен столб,стапала ,церебрална парализа и т.н) прим.др.Велика Лабачевска-спец.физијатар од Институтот за Физикална медицина и рехабилитација во Скопје.

Оваа долгорочна соработка е обезбедена со договор меѓу нашите Установи.

*********************************************************************************

27.03.2013 год...Успешно спроведена акција "Здравје за сите" во село Крани,при што се извршени бесплатни превентивни прегледи на 61 пациент.

*********************************************************************************

25.03.2013 год...Започна реализацијата на проектот за санација на фасадата на нашата Установа.Целата постапка ќе биде реализирана со помош на Министерството за здравство на Република Македонија.Проектот ќе биде завршен во следниве 30 работни дена.

*********************************************************************************

На 21.02.2013 год.беше успешно спроведена акцијата "Здравје за сите" во с.Наколец со одличен одзив на месното население при што беа направени 50 превентивни прегледи.Акцијата под покровителство на Министерството за здравство на Р.Македонија и нашата Установа на задоволство на граѓаните од нашата Општина продолжува и оваа година при што ќе бидат спроведени уште 5 акции во рурални средини.

*********************************************************************************

На почетокот на оваа година се успешно завршени градежните работи околу целосното внатрешно реновирање на објектот на ЈЗУ Здравствен Дом Ресен.

*********************************************************************************

Крајот на успешната 2012 год.го завршивме со комплетна реконструкција на покривот на

"Старата Амбуланта" во заеднички проект со ЈУ Центарот за социјални работи Ресен со

што долгорочно е решен проблемот со овај стар објект.

************************************************************************************

На 18.12.2012 е ставено во функција новото специјално-комби возило Renault кое

ни е донирано од Владата на Република Македонија за потребите на Службата за Брза Помош

************************************************************************************

Во тек на овај месец(декември 2012 год.)  во нашата Установа се изведуваат градежни работи за внатрешно реновирање на објектот.Ги молиме корисниците на наши услуги за разбирање,бидејќи одделни услуги ќе бидат вршени во други простории од вообичаените.

************************************************************************************

После успешно спроведената постапка за јавна набавка од сопствени средства на 12.11.2012 год.пуштен е во употреба нов апарат за дијагностика-Периметар во Одделот за Очни Болести во нашата установа.

Истиот има широка примена во компјутеризирана дијагностика на ширината на видното поле како и за рана детекција на повеќе заболувања на очите.(дегенерација на макулата,ретината,невролошки испади,тумори на централниот нервен систем,глаукоми и т.н)

Прегледите на апаратот ќе се вршат секојдневно и нема потреба од посебно закажување на истите а услугата е прифатена од страна на ФЗО на Р.М.

***********************************************************************************

На акцијата "Здравје за сите" која се одржа на 27.09.2012 имавме одличен одзив на граѓаните од нашата Општина при што од наша страна беа изврѓени 120 превентивни прегледи.Со Истите активности ќе продолжиме и во наредниот период на задоволство на нашите пациенти.

На 27.09.2012 во склоп на Општинските активности по повод "Денот на јаболкото",нашата Установа ќе биде активно вклучена со акција"Здравје за сите" на градскиот плоштад во Ресен.

Истата се состои од бесплатен преглед, бесплатно мерење на крвен притисок,шеќер и холестерол во крвта на заинтересираните граѓани од нашата Општина.Се надеваме на голем одзив од граѓаните!

На 21.09.2012 год.после успешно завршената постапка за јавна набавка во нашата Установа пристигна и е ставен во употреба Колор-Доплер ехо уред во Одделот за Интерна медицина со чија помош ќе биде во значителна мера подобрена дијагностиката на болестите на срцето и крвните садови.Овај проект е реализиран со сопствени средства на нашата Установа

На 13.09.2012 пуштена е во употреба комплетно реновираната амбуланта во с.Наколец-проект реализиран со средства на ЈЗУ Здравствен Дом Ресен и месната заедница на с.наколец.

На почетокот на овој месец (јули 2012) се пуштени во употреба реновираните тоалети во нашата Установа ,а за десетина дена ќе продолжиме со реновирање на внатрешноста на нашиот објект.

Исто така пуштена е во употреба и комплетно опремена сала за Кинези терапија во состав на Одделот за Физикална медицина и рехабилитација.

 

* * * * * *

Акција - "Здравје за сите" (Бесплатно мерење на крвен притисок, холестерол и шеќер во крвта)

21 Март 2012 год. С. Крани - Амбуланта од 08:30-17:00 h.

Акцијата заврши со одличен одзив на граѓаните на оваа месна заедница,ги покануваме граѓаните од нашата Општина за уште помасовен одзив на следната акција која ќе се одржи на:

7 Април - Плоштад Ресен 08:30-17:00 h.

Акцијата беше спроведена исто така со одличен оддзив на граѓаните,беа прегледани 152 пациенти на пунктот на плоштадот и 12 домашни посети на стари и изнемоштени лица.

Слични акции ќе бидат организирани и во наредниот период

* * * * * *

По повод денот на здравството 7 Април беше набавен и пуштен во употреба нов Апарат-Двоканален коагулометар во Службата за Трансфузиологија со кој ќе се вршат најсовремени испитувања на пореметувањата во областа на коагулациските болести кај нашите пациенти.

* * * * * *

Под покровителство на СЗО и Министерството за здравство на Р.Македонија како секоја година така и оваа ќе бидат спроведени активности во рамките на "недела на имунизација" од 21-30 Април.

Во неа се спроведуваат следните активности од страна на Службата за превентивна медицина која работи во состав на нашата Установа и тоа:теренско пронаоѓање и вакцинација на деца кои не се вакцинирани од заразни болести,предавања во основните училишта во нашата Општина за значењето на вакцинациите за родители и деца како и за правилен хигиено-диететски начин на живеење  и сл.

 

Историјат, визија и мисија

По ослободувањето Президиумот на АСНОМ во 1944 година донесе “Решение за установјавање на Државната здравствена служба”, со кое во најкратко време мораше да се формираат државни здравствени установи.

Така на 01.04.1945 откако се создадоа соодветни услови, со акт беше формирана Здравствена станица во Ресен. Здравствената станица во Ресен својата активност ја започна во многу скромни кадровски и просторни услови. организирана како амбулантската дејност.Честа да бидат први доктори во Ресен, во новоослободената Македонија им припадна на доајените на ресенското здравство Др. Панде Црцар и др Ѓорги Стрезовски. Својата работа ја започнаа во скромни услови со многу скромна апаратура, во просториите на бившата антималарична станица , во “баната”, Др. Панде Црцар,беше задолжен за преглед на возрасните, а Др. Ѓорги Стрезовски за преглед на децата.

Поради зголемениот обем на работа, во просториите на бившата антималарична станица, не можеше да се организира соодветна здравствена заштита на населението, поради што се јави потреба од изградба на нова амбуланта. Во наредните години на локацијата јужно од центарот на градот, наспроти денешниот пазар се изгради новата здравствена станица. Тоа беше типска зграда за здравствена станица со поголем комодитет за работа, на еден спрат. На приземјето имаше просторија за преглед на возрасни, амбуланта за деца, и соба за преврски тн. превијалиште , просторија за забоздравствена заштита, забна лабораторија и лабораторија за основни анализи на крв и урина, а ходникот служеше како чекална, додека управничката канцеларија ја користеше и шефот на финансовата служба, додека другите службеници од администрацијата беа сместени во друга зграда во непосредна близина.

Во 1956 година во една национализирана зграда во близина на тогашниот пазар, во центарот на градот, беше формиран родилниот дом. Зградата на родилниот дом не беше многу функционална, во неа на приземјето имаше чекална , соба за прегледи и една соба за гинеколошки болни, а на спратот по високи скали се стигнуваше во родилната сала со две соби за родилки со вкупно 6 кревети. Во дворот имаше сопствена кујна и перална.

 

Во 1957 со помош на општинските власти и Комитетот на КПМ и Заводот за социјално осигурување, беше изграден уште еден спрат над здравствената станица, со што Здравствениот дом се здоби со нови работни простории во кои администрацијата доби свое место, и не беше надвор од здравствената станица. а во другите соби се формира таканаречени специјалистички амбуланти и тоа: просторија за рендген (каде беше монтиран апарат "Моравица" од Ниш), и простории за прегледи на очи и ОРЛ (уши, нос, грло), другите простории во одредени периоди беа користени за повеќе намени. Во 1960 година во просториите спроти пазарот беше отворен стационар во кој беа лекувани полесните болни. Поради промените на законските прописи, набрзо истиот беше укинат. На спратот две простории беа користени за дежурните лекари и сестри и од лабораторијата.

Во 1961 Министерството за здравство преку Републичкиот завод за здравствена заштита на жени и деца, одобри материјални средства за за изградба на нов родилен дом и пунктови во с. Крани и с. Стење. Родилниот дом беше изграден како депанданс на северната страна од зградата на здравствениот дом. Во приземјето од депандансот се пресели педијатриската служба, а на спратот се смести родилниот дом. Родилниот дом имаше чекална, соба за прегледи и интервенции , две соби за гинеколошки болни, родилна сала, три соби со девет кревети за родилки и лекарска соба.

Во 1961 год во зградата на старата општина беа адаптирани неколку простории во кои започна со работа здравствената станица во с.Љубојно.

Во 1983 година со самодопринос од локалното население и околните села во Љубојно беше изградедена нова амбуланта, на влезот од селото.

Како резултат на Интензивниот развој на здравствената заштита во Преспа Се јави потреба од изградба на нов здравствен дом. Со помош на Министерството за здравство и Локалната самоуправа се обезбедија средства и на несреќно избрана локација над киното во Ресен во 1984 година се изгради новиот здравствен дом.

ЈЗУ Здравствен Дом Ресен е формирана од Владата на Р.М преку ресорното Министерство за Здравство.Работи во договор со Фондот за здравствено осигурување на Р.Македонија. Во рамките на нејзините дејности на околу 17.000 жители на нашата Општина им пружа соодветна здравствена заштита. По својата структура и екипираност нашата установа се вбројува во една од најекипираните здравствени домови во нашата држава.

Во нејзин состав работат:

-Службата за итна медицинска помош

-Одделот за превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца

-Одделот за превентивна стоматолошка заштита на предучилишни и училишни деца

-Одделот за специјалистичко-консултативна здравствена заштита

-Биохемиска Лабораторија

-Одделот за Рентген и ехо дијагностика

-родилна сала

-поливалентна патронажна служба

-депо за лекови

-економско-финансиски оддел

HPIM1649 HPIM1650 HPIM1651 HPIM1652